Овие познати дами двапати кажале судбоносно “да” на една иста личност! (ФОТО)

284

Разводот и неколку бракови не се невообичаени во животот на познатите луѓе.

Иако во случај на нова венчавка, обично му кажуваат судбоносно “да“ на новиот партнер, има и славни личности кои решиле двапати да се венчаат за истата личност.

Некои помеѓу двата брака направиле мала пауза, додека други пак пред повторното судбоносно „да“ биле разделени неколку децении. Подолу издвоивме познати дами кои двапати се омажиле за ист маж.

За некои, втората шанса се покажала како целосен успех, додека другите многу не за долго поднеле ново барање за развод.

Елизабет Тејлор

Актерката се омажила за Ричард Бартон во 1964. година, а се развела во 1974. година. Една година подоцна, тие повторно се венчале, но бракот траел само до следната година.

Бартон ги посвоил нејзините ќерки Лиза и Марија. Тејлор во животот се мажела вкупно осум пати со седум различни мажи, додека Бартон бил во брак пет пати со четири различни жени.

Памела Андерсон

Во 2014. година, актерката Памела Андерсон објавила дека повторно се омажила за поранешниот сопруг Рик Соломон. Во истата 2014. година, таа побарала развод, а потоа побарала од судот да го одбие барањето. На крајот на 2015. година, таа по трет пат поднела барање за развод.

Нивниот прв брак траеше од 2007. до 2008. година.

Мелани Грифит

Мелани Грифит била во брак со Дон Џонсон шест месеци во 1976. година, а повторно се венчале во 1989. година. Вториот брак траел до 1996. Година. Нивната заедничка ќерка Дакота Џонсон се родила во 1989. година.

Натали Вуд

Натали Вуд се омажила за Роберт Вагнер во 1957. година, а во брак биле до 1962. година. Повторно се венчале во 1972. година и биле во брак сè до смртта на актерката во 1981. година. Нивната ќерка Кортни Вагнер е родена во 1974. година.

Фрида Кало

Најпознатата мексиканска сликарка на сите времиња, Фрида Кало, се омажила за колегата, уметникот Диего Ривиера во 1929. година. Нивниот прв брак траел до 1939 .година, а вториот започнал следната година и тие останале заедно сè до нејзината смрт во 1954. година.