Овие растенија треба веднаш да се отстранат од вашиот стан, куќа или двор | ОТРОВНИ СЕ!

4019

Ако имате деца или животни, отстраните ги овие растенија од стан, куќа или двор, затоа што некој би може да се отруе …

Сигурно и вие во вашата градина или на терасата, имате неколку ваши омилени растенија, но кои поради нивната токсичност треба да се отстранат што е можно поскоро. Особено ако имате мали деца и миленичиња, затоа што не можете целосно да го контролирате нивното движење.

Може да се случи од љубопитност да пробаат некое од растенијата, што може да биде многу опасно. Симптомите на труење од овие растенија и ни најмалку не се безопасни.

Ова се најчестите отровни растенија кои можеби ги имате

Рододендрон (Rhododendron ferrugineum)

Оваа прекрасно растение е совршен украс за вашиот двор. Бидете многу внимателни, со јадење на цветот, стеблото или листовите од ова растение можете да се доведете до опасно труење. Главните симптоми од труењето се абдоминална болка, тешкотии во дишењето, парализа, кома па дури и смрт.

Олеандер (Nerium oleander)

Олеандерот цвета во бела, розова и црвена боја. Многу е убав и децата често го берат. Меѓутоа, само од еден лист детето моѓе да добие труење. Симптоми на труење вклучуваат треска, забавено чукање на срцето и вртоглавица.

Кукута (Conium maculatum)

Ова цвеќе може да се појави во вашата градина, како плевел. Ако имате домашни миленици, задолжително да го уништите. Отровот од кукута мириса на морков и привлекува домашни миленичиња. Ако се изеде, директно го напаѓа нервниот систем. Исто така, како кај животните така и кај луѓето, предизвикува епилепсија, па дури и смрт.

Narcissus

Кај жолтиот нарцис најотровен дел е луковицата. И покрај тоа што убав е на изглед, размислете двапати пред да го посадите. Ако се посомневате дека вашето домашно милениче го изело, веднаш одете до ветеринар. Симптоми кои се јавуваат после јадење жолт нарцис се дијареа, повраќање, треска, грчеви и аритмија.

Англиска тиса (Taxus baccata)

Кај ова растение најотровни се семињата. Сепак, ништо помалку не се токсични ниту другите делови. Алкалоидите кои се наоѓаат во растението можат да предизвикаат грчеви, парализа, а во најлош случај дури и престанок на работата на срцето.

Хортензија (Hydrangea macrophylla)

Ова убаво цвеќе содржи многу опасен отров, цијанид. Но, не треба многу да се грижите. Луѓето и животните треба да изедат големи количини од ова цвеќе за да биде штетен. Сепак, не треба да ризикуваме.

Philodendron Houseplant

Соковите што ги содржи филадендронот можат да ја иритираат кожата и усната шуплина. Може да дојде до дешко дишење, отекување на грлото и стомачни проблеми. Иако некои опасни реакции се многу ретки, би било добро ова растение да не го држите во вашиот дом, во колку имате мали деца и домашни миленици.