Австралија | Град со само три жители | Видео

2091

Еден од најубавите региони на Западна Австралија – Пилбара, е и еден од најопасните.

Пред околу осумдесет години тука, во градот Витенум, откриваат минерален син азбест (крокидолит) и создаваат голем рудник за поддршка на работната рака во регионот.

Во наредните триесет години Витенум станува најголем снабдувач на син азбест за превозот (азбест се користи во различни градежни материјали за изолација), но проблемот е дека овој материјал е исклучително токсичен и дури смртоносен.

Вдишувањето на овој материјал може да предизвика рак на белите дробови. Всушност од 20-те илјади жители на односниот град, 2 илјади починале до 1966-та од болести поврзани со азбест.

Тогаш рудниците се затворени поради зголемената загриженост на Владата за здравјето на луѓето.

Во 1978-та, Владата почнува постепено да ги поттикнува жителите да се преселат, па дури ги откупува нивните имоти, за да можат тие да купат куќи во други населени места.

Во 2006 година е исклучена електричната мрежа на Витенум, а следната година името на градот е отстрането од официјалните мапи на Австралија.

Но и до ден-денешен во гратчето живеат три лица кои се однесуваат омаловажувачки кон ризиците за здравјето, а и ја ценат тишината на нивната околина.