Искуствата на 10 двојки покажуваат дека од љубовта никогаш не треба да се откажуваме. Едни се венчале и чекале 60 години да бидат заедно, други бегале бидејќи врската им била забранета.
Вистинската љубов не постои само во филмовите, како што многумина веруваат. Постојат двојки кои докажуваат дека големите љубови, кои траат цел живот, навистина се можни, само треба да се најде сродна душа, што на многумина не им се случува. Овие двојки и нивните љубовни приказни ги кршат срцата, ја враќаат вербата во љубовта и покажуваат дека никогаш не треба да губиме надеж ниту да се откажеме од љубовта.
Напишал песна на својата љубов Sweet Lorraine
Фред Стобах од САД никогаш не не ја преболел загубата на љубовта на својот живот. Се оженил со Лореин во 1940 година, а нивната љубов била секогаш среќна. Имале три деца, но по 73 години брак, таа починала. На Фред срцето останало скршено.
Еден месец дена од смртта на својата сопруга наишол на оглас за локален натпревар во пишување на песни. Иако немал слух и не бил музичар, напишал една од најубавите љубовни песни Sweet Lorraine. Студиото Green Shoe било воодушевено и се одлучиле да напишат музика за таа песна. Направиле и краток документарец за Фред и неговата љубов.
Прославиле 81 годишнина од својот брак
Ен, родена во семејство на сириски имигранти, имала 17 години, а Џон 21 и биле вљубени. Пораснале во исто соседство во САД, а станале пријатели во средното училиште. Нејзините родители не биле среќни од таа врска бидејќи таткото на Ен планирал таа да се омажи за 20 години постар маж. Но, младата двојка не можеле да се откажат од љубовта и во 1932 година побегнале во Њујорк.
Родителите не биле премногу загрижени бидејќи не верувале дека врската ќе потрае. Но, се измамиле, на 24 декември во 2013 година Џон и Ен Бетар прославиле 81 годишнина од својот брак и привлекле многу медиуми. Славеле со своите пет деца, 14 внуци и 16 правнуци. Тој имал 102, а Ен 98 години. Не е познато дали се уште се живи.
Продолжува на страна 2



















