Се венчале по 75 години, по првиот и последниот бакнеж
Керол Харис настапила како Трнорушка во трета година во средно училиште, а партнер во претставата бил Џорџ Рајнес кој претходно бил вљубен во неа. Тој во претставата бил принц, тогаш се бакнале за прв пат и се останало на тоа. Годините поминувале, а Џорџ се преселил во Торонто, се оженил и основал семејство.
Но, по 61 година кога сопругата му починала, се одлучил да ја побара старата љубов која му останала во срцето. Џорџ и Керло повторно се сретнале, станале пријатели, а набрзо и многу блиски. Се венчале 75 години по бакнежот во училишната претстава.
Секој ден на болната сопруга и чита дневник да не заборави како живееле
Џек и Филис Потер од Велика Британија се уште еден пример за вистинска љубов, во добро и во зло. Иако и самиот е во длабока старост, Џек не сака да дозволи љубовта на неговиот живот да живее осамено поради деменцијата која ја има и секој ден и го чита својот дневник. Почнал да го пишува како дете и продолжил да го пишува цел живот. Посебно внимание посветил на страниците на кои пишувал како се запознале.
Филис ја сретнал на 4 декември во 1941 година и ја засакал од првиот момент. Во дневникот тогаш напишал: Многу убава вечер. Танцував со многу убава девојка. Се надевам дека повторно ќе ја видам. И се виделе и се венчале по 16 месеци.
Речиси по 50 години подоцна деменцијата земала замав кај неа и морала во старски дом бидејќи тој повеќе немал сили да се грижи за неа. Тој ја посетува секој ден и и го чита својот дневник. Ја потсетува на се што поминале заедно и ги покажува фотографиите. Таа секогаш е пресреќна кога ќе го види. Сега се во брак 70 години.
Продолжува на страна 5


















