Ќе дознаете и кој знак од хороскопот е најмногу љубоморен, иако се обидува со сите сили да го сокрие тоа.
Постојат и знаци чии љубоморни испади тешко можат да се скријат од јавноста …
ОВЕН
Прилично е љубоморен, далеку над она што би можеле да го наречеме нормално, со што покажува колку му е гајле за неговиот партнер. Тој е страстен во љубовта и така подеднакво се страсни и неговите љубоморни испади.
БИК
Умерена љубомора го означува овој знак, но не сака да биде таков бидејќи тоа го заморува. Тие сакаат стабилен однос во кој нема да има причина за љубомора. Сепак, понекогаш тоа е посилно од нив, па спаѓаат во категоријата надпросечно љубоморни. Тие се силни кога искушенијата се во прашање.
БЛИЗНАЦИ
Тие не се премногу љубоморни затоа што и самите сакаат да флертуваат и да бидат во центарот на вниманието. Причина за љубомора не ги сметаат туѓите погледи на партнерот како и неговото претерано дружење со спротивниот пол. Меѓутоа, кога ќе ги фати напад на љубомора, може да бидат здодевни со прашањата и коментарите како муви.
РАК
Многу се љубоморни, по зачестеност и интензитет, втори се по шкорпиите, а тие се најлоши. Тешки се во врската, но, исто така, и лојални. Склони се кон драма и преувеличување, што ги тера да мислат дека се во лоша врска, иако тоа можеби не е така.
Продолжува на страна 2