Тајната е во гените? Научниците на трага на „природниот имунитет“ кој ја штити нашата меморија

998

Ова е и втор ваков случај, досега евидентиран во стручната литература, во кој едно лице имало „природен имунитет“ од Алцхајмерова болест.

Научниците со години се обидуваат да го разберат процесот на Алцхајмеровата болест и да ги откријат симптомите на болеста што е можно порано. Но, изненадувањето што им го приредил еден Колумбиец е уникатно.

Како што е наведено од тим меѓународни научници во нивната студија, објавена во списанието Nature Medicine, Колумбиец за кој се предвидувало дека ќе боледува од деменција во неговите 40-ти, е носител на ретка генетска мутација на генот Paia.

Се предвидувало дека ќе ги забележи почетоците на когнитивното опаѓање околу 45-тата година и деменција околу 50-тата година. Но наместо тоа, тој ја задржал својата издржливост и умрел на 74-годишна возраст со само благи промени.

Истражувачите детално ги испитале неговите гени за да пронајдат друга мутација што би можела да го заштити од болеста и откриле дека навистина има мутација во генот што го кодира протеинот релин, кој е поврзан со нарушувања на мозокот. Сепак, истакнуваат научниците, се чини дека овој протеин го спасил Колумбиецот од деменција.

Испитувајќи го неговиот мозок, научниците откриле класични знаци на Алцхајмерова болест како што се амилоидни плаки и тау јазли. Сепак, тие исто така откриле дека делот од мозокот одговорен за меморијата е помалку погоден од овие јазли.

Еден од водачите на студијата, Joseph Arboleda-Velasquez, објаснува дека би било неверојатно ако успеат да откријат како да го заштитат делот од мозокот одговорен за меморијата од промени како Алцхајмерова болест или деменција.

Тие се надеваат дека нивните наоди би можеле да доведат до нови сознанија кои би можеле да помогнат да се запре или барем да се одложи прогресијата на болеста.

Ова е и втор ваков случај, досега евидентиран во стручната литература, во кој едно лице имало „природен имунитет“ од Алцхајмерова болест.

Пред неколку години, научниците откриле жена која, благодарение на друга генетска мутација позната како Christchurch, успеала да се спротивстави на Алцхајмеровата болест до нејзините 70-ти. Со скенирање на нејзиниот мозок, научниците откриле присуство на амилоидни наслаги, но не и тау јазли.

Иако овие наоди даваат надеж дека во иднина може да се открие некој третман за лекување или забавување на болеста, научниците исто така истакнуваат дека може да има повеќе фактори кои влијаат на одржувањето на меморијата кои допрва треба да се откријат.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.