Мајка која е револтирана од денешново воспитување на децата: Јас тебе те родив, а не ти мене!

1732

Ги гледам младите родители во парковите. И жал ми е за нив. Гледам, се обидуваат, лути се, не можат да го совладаат роденото. Трчаат по него за да го спречат од паѓање. Остави го да падне, пишува Сандра Тодоровиќ.

Ако ти ја врзам една … !!!

Жал ми е да слушам колку многу грешиш млада жено. Грешиш затоа што си го пуштила да се фрла на бетон и да те шутира бидејќи не ја доби дваесетипетата лижалка, грешиш затоа што си ненаспана, а тој спие до еден часот по полноќ.

Дали се сеќавате на времето кога постарите беа авторитет? Јас се сеќавам многу добро. Ги сакав тие цврсто втемелени граници.

Доволен беше прекорувачкиот поглед на татко ми на масата за да ми биде веднаш јасно дека супата не се срка, и дека не се зборува со полна уста. Наставниците ги почитувавме така што станувавме кога тие влегуваа во училницата, со гласно: “Добар ден”, со завршена домашна и со уредна училишна престилка.

Родителите беa редот и законот. Бабите и дедовците ги слушавме поради тоа што се очекуваше тоа од нас и за никого тоа не беше проблем. Ако не си добар во училиште, едноставно тоа беше многу лошо, и тука не се продолжуваше да се зборува. Не може надвор, нема велосипед, нема џепарлак, среќен си ако не добиеш со топлинка по задникот веднаш по родителската. Зборот на родителот е последен.

Ако потоа кажеш и едно: Добро, следува предупредување: ако те удрам, ќе ѕуниш три дена, дали ме слушна? Мојот збор е последен. И ти можеш само да се повлечеш, не вреди да се ризикува да добиеш казна, иде викенд. Најлошото нешто што може да ти се случи е целиот викенд со баба ти да чистиш ориз. Многу ориз. Или да чистиш никулци од двесте килограми компири во подрумот.

Продолжува на страна 2