Мајка која е револтирана од денешново воспитување на децата: Јас тебе те родив, а не ти мене!

1938

Мојот не јаде спанаќ, само компири сака, мојот не спие до полноќ … Зошто не спие, па толку убаво пишува во книгата на д-р Спок: Ставете го во кревет нахранет, пресвлечен и исклучите го светлото. Во девет во кревет. Плачи, не ми е грижа, и јас сум живо суштество. Каде се моите пет минути?

Јас нив ги родив, не тие мене. Постои време и место за јадење, спиење, играње и тука нема компромис. Тоа е едноставно така. Нема смисла на родителството да му бидеш роб, туку да направиш од него доблесен човек со стекнати здрави навики. Со детето да изградиш здрав, разумен однос, каде што се знае дека меѓусебното почитување е најважно, како и доследноста на секое изговороното правило.

Извинете, ми рече, една млада жена, детето ви јаде земја.

Знам, нека јаде, ако тој сака. Тоа е мало животно, ако не му е по волја, ќе ја плукне.

Не стекнав многу истомисленици во тие спонтани, заеднички собирања во парковите. Многу луѓе постапуваа чудно и ме избегнуваа. И тоа е она што јас го разбрав. Јас не зборував, сè додека не ми постават прашање. Твое дете, твоја грижа.

Жал ми е да те слушам колку силно грешиш, жено. Грешиш, затоа што си го оставила да се фрла по бетонот и да те шутира, бидејќи не го добил дваесет и петтото лижавче, грешиш затоа што не си наспана, бидејќи тој не спие до еден часот наутро. Грешиш, затоа што му плаќаш лижавчиња за да биде добар со тебе и со другите. Грешиш, бидејќи постојано му ги бришеш рацете со влажни марамици.

Грешиш, затоа што го учиш дека секое куче ќе го гризне и секоја мачка ќе го изгребе. Грешиш, затоа што е дебел, во пелени со цуцла, а има четири и пол години и забите му се црни од кариес. Грешиш, затоа што не му даваш да оди во песок за да не се извалка, и на лизгалиште да не мора да го фаќаш, затоа што задникот премногу грубо ќе му се приземји според твоите критериуми. Тогаш ќе плаче … а ти си останала без бонбони во твојата торба со модел на пајче. Жал ми е, за тебе жено. Жал ми е за тебе, затоа што знам во што ќе се претвориш. Во она што никому не му е пријатно. Дури и на тоа дете.

atma.hr Сандра Тодоровиќ

Н О В О !!!

Бидете и вие дел од фамилијата на my World

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk