Според најновите научни истражувања во Шпанија и Англија алкохолот, посебно виното,е корисно за организмот ако се конзумира умерено и одговорно.
Жените ги спасува од депресија, а на мажите дури и животот бидејќи росвератролот помага при лечење на канцер. Многумина ќе речат-откривте топла вода,некои сомничаво ќе вртат со главата. Но, сепак прочитајте и проценете сами.
Според студијата од Шпанија, жените кои пијат алкохол, за разлика од оние кои воопшто не пијат, имаат помал ризик од запаѓање во депресија.
Во истражувањето биле вклучени 13.500 учесници, а заклучокот е дека кај жените една или две чаши вино дневно го намалува ризикот од депресија за околу 38 проценти. Но, само кај жените. Мажите ја немаат таа среќа.
Истражувањето пак во Англија,на универзитетот во Леичестер, покажува дека употребата на росвератрол од поткожата на грозјето и црвеното вино може дупло да го намали заболувањето од рак на цревата, а помага и при срцеви болести и дијабетис.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.