Сликите на НАСА покажуваат „значителни намалувања“ на загаденоста на воздухот над Кина за време на коронавирусот 

1458

Сателитите на НАСА кои ја следат загаденоста на Земјата покажуваат „значителни намалувања“ на загадувањето на воздухот над Кина уште од почетокот на појавата на коронавирусот.

Сателитските слики од НАСА покажуваат изненадувачки ефект од појавата на новата епидемија на коронавирусот (КОВИД-19) во Кина: помалку загадување на воздухот.

Користејќи ги сателитите за мониторинг на загадувањето, НАСА ја мери концентрацијата во воздухот на азот диоксид (NO2), гас што завршува во воздухот со согорување на горивата, пред се од автомобилите, камионите, автобусите и електраните.

Од 1 до 20 јануари и од 10 до 25 февруари, истражувачите забележале „значително намалување“ на загадувањето над Вухан и остатокот на Кина, барем делумно, поради „економскиот застој“ како резултат на појава на вирусот, се наведува во информација на НАСА.

Мапите погоре ја покажуваат густината на концентрациите на NO2 во сина, жолта и портокалова боја ширум Кина во тие временски периоди. Намалувањето започнало во Вухан, а потоа се проширило и на остатокот од земјата.

„Ова е прв пат да видам таков драматичен пад на толку широко подрачје за време на одреден настан“, рече Феи Лиу, истражувач за квалитет на воздухот во центарот за вселенски летови Goddard, на НАСА.