Денеска пријателите на семејствата на тепачите од Штип го контактирале штипскиот адвокат Кристијан Мицевски да ги застапува, но тој ги одбил.
Еве што им одговорил:
– Го пишувам ова, па макар и лиценцата да ми ја одземат. Пред некое време, денес, добив повик од пријатели на семејствата на ,,тепачите” да им бидам адвокат и да ги бранам, да сум помогнел. Мојот одговор беше – Да, јас ќе помогнам, ама на девојчето! Затворив слушалка… Добро бре ,,фраери”, дали сте нормални вие? Баш ме интересира кој колега добар збор за вас ќе каже? Има ли пари кои ќе ме натераат на тоа? Поздравете по дома, па ќе се видиме за некоја година, квази фраери! – напиша Мицевски на својот Фејсбук профил.
Откако денес на социјалните мрежи беше споделено видеото со насилството врз девојката, кое ја вознемири јавноста, од МВР потврдија дека насилниците биле уапсени.
Е ВОА ЗАСЛУЖУВА ПОКЛОН ДО ЗЕМЈА…ФБ СТАТУС НА АДВОКАТО ОД КОЈ Е БАРАНО АДВОКАТСКА УСЛУГА ОД РОДНИНИ НА ТЕПАЧИТЕ, ЗА…
Gepostet von Штипска Идила am Donnerstag, 2. April 2020