Со селективното одгледување на дефектни гени создадени се “СУПЕР КРАВИ” | Видео / National Geographic

175

Во светот сè почесто појавување таканаречени “супер крави”, кои се специјално одгледувани да достигнат огромни димензии. Овие животни се еден вид бодибилдери кај кравите, а својот изглед го должат на негувањето дефектен ген кој не е во состојба да го контролира растот на својата мускулна маса.

Овој вид може да се класифицира како своевиден мутант, а официјално е позната како “белгиска сина” раса и датира од 19 век. Тогаш белгиските одгледувачи одлучиле да почнат со одгледување на нови, поголеми и помоќни видови, кои поседуваат неспоредливо поголема мускулна маса од обичните крави.

Со текот на времето, само најсилните и најкрупните единки биле одвојувани, штом по вкрстувањето бил креиран физички супериорен подвид.

– Селективното одгледување земјоделците го користат за подобрување на посакуваните карактеристики кај животните. За време на одгледувањето на овие крави земјоделците во текот на изминатите 100 години за парење избирале бикови и крави со најразвиена мускулна маса – објаснува National Geographic.

Денес, селективното одгледување е технолошки унапредено, затоа што, за разлика од физичкиот избор на најголемите животни, овозможува и нивни генетски модификации. Единките од овие крави се сметаат за најрепрезентативни кај кои се негува одреден генетски дефект кој предизвикува неконтролиран мускулен раст.

Овој ген се нарекува miostatin, а неговата функција е да ги одржува димензиите на мускулната маса во нормален опсег. Сепак, кај белгиските сини крави со дефектот не можат да го контролира растот на мускулната маса, па затоа овие животни изгледа мускулесто и “набилдано”.

– Овие крави селективно се одгледуваат преку спарување на единки кај кои е регистрирана миостатинската генска дисфункција. Резултатот се животните со поголеми димензии од вообичаените – додава National Geographic.

Погледнете како изгледа една фарма на која се одгледуваат “супер крави”.

Дали сметате дека оваа селекција е оправдана или не?