Зошто откритието на Тесла е забрането и кој всушност е Ајнштајн? Видео

396

Почетокот на ерата на енергетиката без гориво се поврзува за 1903. година, кога Никола Тесла пронајде резонантен трансформатор, и доби енергија на излезот многу пати поголема од влезната.

Со помош само една турбина, нијагарската хидроцентрала и системот за пренос на енергијата без спроводник, Тесла ја снабдил целата држава со електрична енергија.

Новинарот го прашал Тесла: “Од каде се зема енергијата?”

Тесла едноставно одговорил: “Енергијата се зема од ЕТЕРОТ, јас го ладам етерот и го претворам во електрична енергија”.

Откако новинарите ја рашириле веста за тоа дека од вселената може да се земе било која количина на енергија и да се пренесува без проводник на било кое растојание, а при тоа да не се користи ниту јаглен ниту нафта или гас, свикано е итно заседание на Владата на САД.

Седницата на Владата на САД се одржала заедно со банкарите. Разговорот кој се водел забележан е во книгите. Се наведува фактот, дека всушност младиот банкар Бернард Барух обраќајќи му се на Морган рекол: “Весниците пишуваат за некој Тесла, кој сака да продава речиси бесплатно енергија. Ако работите би се одвивале така, ние ќе го изгубиме монополот.”

После тоа, била донесена одлука да се забрани технологијата на Тесла. Патентите на Тесла почнале да се повлекуваат од библиотеките, а неговото име исчезнало од весниците. Банкарите наредиле без одлагање: Да не се прифаќаат ниту да се разгледуваат пронајдоци од типот на Perpetuum mobile.

Со парите на Ротшилд и Рокфелер при академиите на науки од различни земји биле создадени комисии за “борба со псевдо науката”, која се уште го попречува развојот и воведувањето на технологијата без гориво. Обидите на научниците да ја продолжат работата во таа насока биле прекинати брзо и жестоко.

Продолжува на страна 2