Кога тестенините ќе ги направите на овој начин бидете сигурни дека ќе уживате во превкусни залчиња. Направете го рецептот и уверете се.
Потребно
- 400 грама шпагети
- 450 грама јунешко мелено месо
- 3 лажици презла
- половина лажица цимет во прав
- 3 чешниња лук
- 1 јајце
- 2 шолји доматен сос
- 100 грама фета сирење
- маслиново масло
- свежо оригано
- магдонос
- сол
- бибер
Подготовка
- Загрејте ја рерната на 180 степени, а тестенината сварете ја и исцедете ја.
- Помешајте го месото, презлата, ориганото, солта, циметот, биберот и изгмечениот лук.
- Измешајте лажица ипол ситно сецкан магдонос па додадете го јајцето, а потоа со раце помешајте ја смесата.
- Обликувајте 12 топчиња и ставете ги во сад.
- Оладете ги во фрижидер барем на 10 минути.
- На загреано масло на оган пржете ги топчињата осум минути.
- Исцедете ги на кујнски брисач и ставете ги во тава за печење. Прелијте ги со доматниот сос и посипете го со фета сирењето, па потоа печете ги на 20 минути на 180 степени.
- Посипете го и остатокот од магдоносот, уште малку фета сирење и послужете ги тестенините.