Американските научници откриле древна тектонска плоча која ги спречува последиците од топењето на мразот на Антарктик. Оваа плоча служи како клучна бариера која го спречува лизгањето на мразот од Антарктикот во океанот.
Карпата била скриена под земја стотина милиони години. Тоа е ледена бариера која за 20 проценти го забавува лизгањето на мразот во океанот, што е еквивалентно на порастот на нивото на морето за скоро 11,6 метри. Кога ќе се земат предвид овие податоци, откритието на американските научници е многу важно, соопштува Сајенс алерт.
Истражувачите ја откриле оваа карпа благодарение на резултатите на истражувачкиот систем Ајспод, кој може да ја мери висината, дебелината и внатрешноста на мразот. Системот снима и низ мразот на длабочина од неколку стотици метри.
Според студијата, оваа карпа која се наоѓа меѓу истокот и западот на Антарктикот создала поделба на континенот и на ледената бариера.