Јапонско откритие за неверување | Оваа земја има уште 7.000 острови за кои граѓани не ни знаат

981

Новиот број на острови не вклучува вештачки обновено земјиште, а пребројани се сите земјишни површини од најмалку 100 квадратни метри.

Јапонската управа за геопросторни информации (GSI) соопшти дека во земјата има 14.125 острови, што е двојно повеќе од 6.852 што биле во официјална употреба од 1987 година.

Новите податоци за бројот на островите во Јапонија го одразуваат напредокот во геодетската технологија и подеталните дигитални мапи што се користат за пребројување.

Сепак, и покрај зголемувањето на бројот на острови, вкупната површина на Јапонија не е променета.

Интересен е податокот дека не постои меѓународен договор за тоа како да се пребројуваат островите, па овојпат се користени истите критериуми како и во претходната анкета од пред 35 години.

Исто така, новиот број на острови не вклучува вештачки обновено земјиште, а броени се сите земјишни површини од најмалку 100 квадратни метри.

Островите околу Јапонија се предмет на неколку територијални спорови, при што Јапонија претендира на јужните Курилски острови под руска контрола, кои Токио ги нарекува Северни територии.

Спорот датира од крајот на Втората светска војна, кога советските трупи ги зазеле островите од Јапонија.

Јапонија, исто така, бара историски права на ненаселените острови Сенкаку во Источното Кинеско Море, со кои таа моментално управува, но Кина постојано го оспорува тоа.