Научниците го потврдија постоењето на ходникот со помош на радар и ултразвук, а фотографираа со ендоскоп од Јапонија дебел шест милиметри, кој го протнале преку фуга во каменот.
Скриен ходник долг девет метри е откриен во близина на главниот влез на Големата пирамида во Гиза стара 4.500 години, што може да доведе до нови откритија, соопштија во четвртокот египетските службеници за антиквитети.
Ходникот го откриле научници од проектот Scan Pyramids, кои ја проучуваат внатрешноста на пирамидите од 2015 година користејќи неинвазивни технологии, вклучувајќи инфрацрвена термографија, 3D симулации и ендоскопи.
Се верува дека Големата пирамида била изградена околу 2560 година п.н.е., за време на владеењето на фараонот Кеопс. Висока е 146 метри и била највисоката зграда во светот до изградбата на Ајфеловата кула во Париз во 1889 година.

Незавршениот коридор веројатно е направен за да се прераспредели тежината на пирамидата околу главниот влез оддалечен седум метри или некоја сè уште неоткриена просторија или област, изјави Mostafa Waziri, шеф на Врховниот совет за антиквитети, на прес-конференцијата пред пирамидата.
Waziri најави дека научниците ќе продолжат со скенирање за да утврдат што има под ходникот или на крајот од него.
Се верува дека петте соби над кралските конаци во вториот дел од пирамидата биле изградени за да ја распределат тежината на огромната структура. Можно е фараонот да имал повеќе од една одаја, рече Waziri.
NEW – A hidden corridor has been discovered close to the main entrance of the Great Pyramid of Giza in Egypt.pic.twitter.com/npg6kcTL0V
— Disclose.tv (@disclosetv) March 2, 2023
Научниците го потврдиле постоењето на ходникот со помош на радар и ултразвук, а фотографирале со ендоскоп дебел шест милиметри од Јапонија, кој го вметнале преку фуга во каменот.
Во 2017 година, научниците од проектот Scan Pyramids објавиле дека откриле празен простор долг најмалку 30 метри во Големата пирамида, што е прво такво големо откритие од 19 век.



















