Најдобрите и најлошите масла за акни

1478

Кога станува збор за нега на кожата, маслата се меѓу омилените производи.

Домашните средства за масажа на кожата склона кон акни сè исто така корисни, поради многуте терапевтски придобивки.

Некои од нив сепак имаат обратен ефект, бидејќи можат да ги затвораат порите. Степенот на опструкција условно се одредува по скала, каде што 0 е најниско, а 5 – највисоко.

Нудиме некои од најдобрите и најлошите масла според овој индекс.

Арганово масло

Тоа е меѓу милениците на козметичката индустрија во последниве години. Степенот на опструкција на порите кај него е најниска што го прави аргановото масло исклучително погодно за склони кон акни на кожата.

Рицинусово масло

Тоа е цврсто и со леплива текстура, поради што се смета дека може да ги затвори порите. Тоа негово својство сепак се рангираше најниско во скалата – 0, и може безбедно да се користи за кожа склона кон мозолчиња и митесери.

Какао путер

Какао путерот може да биде корисен за многу кожни состојби, но акните не се меѓу нив. Според скала, степенот му е 4 и неговата употреба кај проблематична кожа може да ја влоши состојбата.

Кокосово масло

Овој природен производ исто така нуди бројни здравствени придобивки, но како какао путерот, исто така не се препорачува за оние кои во принцип страдаат од акни. И покрај антимикробните својства, кокосовото масло крие голем ризик од затнување на порите – степен 4 на скалата. На овој начин се отежнува состојбата на кожата.