Поради погрешна дијагноза минал 43 години во инвалидска количка 

1728

Rufino Borrego минал 43 години во инвалидска количка поради погрешна дијагноза, па на 56-годишна возраст морал повторно научи да оди.

Кога имал 13 години во лисабонска болница, му била поставена дијагноза на неизлечива мускулна дистрофија, објави списанието Jornal de Noticias.

По ова, тој повеќе од четири децении се движел во инвалидска количка, се додека во 2010 година неуролог не утврдил дека боледува од конгенитивна мијастенија, заболување кое исто така се манифестира со муслкулни слабости.

Оваа ретка болест се лекува, меѓу другите, и лекови за астма, па по само една година од поставувањето на новата дијагноза, Borrego можел првпат да отиде пеш до кафулето во неговоото соседството.

– За нас тоа беше чудно, изјави Manuel Melao, сопственик на кафулето во местото Аландроал во југоисточниот дел на Португалија.

Сега на возраст од 61 година, Borrego може да води нормален живот со само два програми физикална рехабилитација годишно.

Тој вели дека нема да ја тужи болницата која првично му ја поставила погрешната дијагноза, имајќи предвид дека во 1960 година мијастенијата била речиси непозната болест.

– Сакам само корисно да живеам, вели Borrego.