Лековитите својства на медот

111

Некои луѓе не можат да си го замислат почетокот на денот без лажичка мед, други задолжително го додаваат во чај, лимонада и други пијалаци, особено во време на настинки и грип.

На медот му се препишуваат бројни поволни здравствени својства, како што е јакнење на имунитетот, превенција за анемија, ублажување на стресот, нервоза и несеоница, регулирање на апетитот, помош за осипи, ублажување на симптомите на настинка и уште многу останати.

Медот во најголем процент содржи фруктоза (38 проценти), глукоза (32 проценти), како и малтоза, сахароза, вода и некои минерали како железо, калциум, фосфор, калиум и магнезиум.

Related image

Повеќе истражувања ги потврдија антибактериските својства на медот.

Како локално сретство медот може да помогне во зараснувањето и лечењето на помали рани.

Бидејќи поседува и антиинфламаторни својства, медот ефикасно ја ублажува болката во грлото при настинка и кашлица.

Направете раствор од два децилитри топла вода или чај, сок од половина лимон и една лажичка мед.

Овој напиток можете да го пиете неколку пати на ден.