Откриено е во што е тајната на долгата и среќна врска

204

Можеби спротивностите се привлекуваат, но тоа се чини не е идеално за долги и стабилни врски, барем ако е за верување на резултатите од едно неодамна спроведено истражување.

Всушност, според анализата на eHarmony’s Compatibility Matching Systema, тајната на долга и среќна врска се крие во сличноста на партнерите.

Истражувачите тврдат дека спротивностите навистина се привлекуваат на почетокот, но речиси и да немаат шанса за преживување кога станува збор за подолг период на нечиј однос.

Паровите кои ги делат погледите на светот имаат поголема шанса да останат заедно. За разлика од нив, паровите со спротивни ставови често се карале, што влијаело на квалитетот на нивната врска.

Затоа, ако сакате здрава и среќна врска, барајте го партнерот кој е сличен на вас, бидејќи само така ќе имате врска која има добри шанси да потрае подолго.