5 причини таа да мрази орален секс

1638

Сакате да добивате фелацио, но партнерката ве одбива? Или дури и да го прави тоа е со таква неподготвеност што на вас буквално ви се “крши кеифот”.

Дали некогаш сте размислувале дека проблемот можеби не е во неа? Има жени кои не сакаат да имаат орален секс, но има и такви кои го менуваат својот став кон него со времето поради неправилниот “однос”.

Еве некои идеи што може да ја одбијат во оваа насока:

Туркање со главата

Порно актерките добиваат пари, за да прават што ќе им кажат пред камера, но вашата партнерка не. Оставете ја таа да преземе иницијатива и подобро да ја насочите со зборови што да прави наместо да ѝ ја притискате и преместувате главата како да е рачка.

Не ја предупредувате дека ќе завршувате

Дури и да сте стари љубовници, тоа не значи дека може да завршите во устата без нејзина желба. Задолжително ја предупредувате кога моментот ќе настапи.

Недостаток на реципроцитет

Зарем очекувате секој пат да си игра со вашиот полов орган, ако вие не сакате да се симнете од папокот надолу? Оралните милувања треба да се реципрочни, освен ако таа експлицитно не ви каже дека не сака да ја милувате на овој начин.

Лоша хигиена

Како што рече Саманта во една епизода на “Сексот и градот” – ужасно е да си чистите забите со природен конец, скриен во гаќите. Ако сакате жените да ви приредуваат орална љубов, потрудете се за теренот подолу – да биде чист и соодветно окосен.

Бескрајно финале

Според статистиката требаат не повеќе од 10 минути за постигнување на машкиот оргазам преку орален секс. Секако постојат и исклучоци и ако вие сте дел од нив, не очекувајте жената да е пресреќна од бесконечното време што треба да го помине со лицето во препоните.