Начини на соочување со „несаканиот“ пол на детето

837

Иако поголемиот број родители најчесто кажуваат „Важно е детето да е здраво“, често бремените жени се разочаруваат кога ќе го дознаат полот на детето.

Со оглед на хормоните, депресијата, бремените жени можат да се доведат до незавидна положба кога ќе го дознаат полот на детето.

Неколку совети како жените да се подготват да бидат подеднакво успешна мајка и на девојче и на момче.

Прифатетете ги емоциите

Доктор Стефан Квенцел специјалист за бременост и породување ги советува мајките да ги изразат своите емоции и да ги прифатат. Тој наведува дека сосема е нормално во моментот на откривање на полот мајката да не е воодушевена ако со месеци или дури со години замислува дете од друг пол. Меѓутоа многу брзо бремената жена ќе заборави на разочарувањето и ќе научи како повторно да ужива во бременоста.

Д-р Квенцел оценува дека поголемиот број бремени жени чувствуваат срам поради што посакуваат девојче/момче, па за тоа молчат. Посебно кога ултразвукот нема да ги слушне нивните желби. Емоциите кои ги чувствува сосема се нормални и со нив мора да научи да живее. Жената своите мисли треба да ги сподели со лице за кое знае дека нема да ја осудува.

Запрашајте се кои се причините на вашите желби

Жената сама треба да си објасни која е главната причина која ја предизвикала нејзината желба за девојче или момче. Сака девојче бидејќи израснала со браќа? Фантазира за шарени фустанчиња наместо одење на фудбалски натпревари? Д-р Квенцел посочува дека многу е важно жената да си ги објасни своите емоции и желби и набрзо ќе сфати дека се работи за ситници кои не би смееле да водат до депресија и тага.

Верувајте во својата способност да сакате

Д-р Квенцел посочува дека чувството на тага и вина нема да трае за секогаш. Најверојатно брзо ќе исчезне кога жената ќе почне да размислува за деновите со своето дете. За време на породуваето се излачува високо ниво на окситоцин кој им помага на мајките да се вљубат во своето дете на прв поглед.