Јадењето доцна не влијае на килограмите

103

Јадењето по 20 часот не нè прави дебели, тврдат истражувачите од Кралскиот колеџ во Лондон.

Според нив нема поврзаност помеѓу вечерата по 8 вечерта и прекумерната тежина кај децата. Претходните истражувања го тврдеа спротивното.

Во студијата на Кралскиот колеџ учествувале 1620 деца на различна возраст.

Испитувани се прехранбените дневници, пополнети од нивните родители. Во истражувањето се вклучени се разбира и килограмите, и обемот на децата.

“Очекувавме да откриеме врска помеѓу јадењето доцна и дебелината, но тоа не се случи”, коментира д-р Герд Пот.

Сепак научниците препорачуваат ако се вечера доцна, оброците да се со доминантно присуство на протеини.