И мајките можеби се “виновни” за појавата на ќелавост

85

Тим на научници сметаат дека ќелавоста кај мажите е “генетски многу компликувана појава” и дека причините за неа се кријат во повеќе од 280 гени во човековата ДНК.

Тоа значи дека наоѓање на универзален лек ќе биде многу тешко, иако ова е чекор кон решавање на проблемот кој ги мачи многу мажи.

– Во голема заедничка студија идентификувавме 287 генетски сигнали кои се поврзани за појавата на оваа појава. Резултатите од студијата би можеле да ни помогнат да ги идентификуваме најголемите фактори за губењето на косата, но и да ни ги откријат потенцијалните генетски мети за евентуална интервенција, вели Рикардо Мариони од Универзитетот во Единбург.

Како што пренесува Ен-Би-Си, прерано е да се зборува за тестови на крв кои би ја откривале генетската предиспозиција за ќелавоста, но формула постои.

– Мажите не можат врз основа на своите предци прецизно да знаат што ќе се случува на нивната глава. Сепак, сега е познато дека можат да го обвинат женскиот дел од семејството, наведуваат истражувачите.

Над 40 гени поврзани со ќелавоста, поврзани се со Х-хромозомите кои се наследуваат од мајката.