Сопственичките на прави коси често потајно им завидуваат на дамите со природни локни.
Најпознатите лица во модната и филмската индустрија ги даваат како основен пример за совршена фризура, кој непрестајно се обидуваме да го следиме и ние.
Со малата разлика, што можеме да се потпреме само на двете раце, а не на куп специјалисти.
Постојат илјадници на број детално опишани методи со кои може да постигнете неверојатни кадрици. Голем проблем кај многу жени е дека и покрај точното следење на секој чекор, косата едноставно одбива да се извитка.
Бројните обиди и повторувања не даваат особен резултат и се сведуваме на крај кон прифаќање на природниот облик на косата и придржување кон неа.
Кои се главните причини поради кои косата не може стане брановидна?
Видете го одговорот тука.
1. Ген
Најосновните можна причина за неуспешните обиди со пеглата и фигарото е … едноставно генот. Природната структура, текстура и густина на косата се од исклучително големо значење за резултатите кои ќе ги постигнете … или во случајот, кои нема да ги постигнете.
За среќа, сето тоа е поправливо барем привремено. Можете да поставите лак на косата, на пример, за да и помогнете да се задржи дадената од вас форма. Секој тип влакно може да се навитка – тоа зависи единствено од времето и трпението, со кои ќе се пристапи.
2. Исцрпеност
Големо значење за пркосењето на обработка на косата има целокупната нејзина состојба. Колку поистоштена и расцветана е таа, толку потешко ќе ги добивате посакуваните резултати. Затоа хидрирајте ја барем еднаш неделно и посетувајте често фризер кој ќе ги отстранува сувите и расцветани краеви.
3. Фен
Најсериозната причина поради која косата не потклекнува на обработка е … дека ја сушите пред да ја виткатте. Имајте предвид дека со агресивниот фен и постојаното чешла на влажнта коса, вие ја користите максималната можност за добивање на форма уште пред да почнете да ја виткате.
Наместо тоа, исушете ги само корените, ставете витлери и потоа насочете топол воздух- така истовремено ќе ја отстраните влагата и ќе ја добиете саканата форма.