Храна која по природен пат ги регенерира органите

208

Сигурни сме дека веќе знаете за регенеративните моќи на вашиот црн дроб. Неговите клетки живеат околу 150 дена, а потоа се заменуваат со нови со цел тој да може да продолжи со својата работа која вклучува исфрлање на отровите од организмот.

Неодамнешни истражувања ни покажуваат дека и срцето се регенерира, така што се обновува и до 3 или 4 пати во текот на денот.

Кожата се обновува на 28 дена, на коските им се потребни околу 10 години, црвените крвни зрнца живеат околу 4 месеци, клетките на цревата се обновуваат на секои 3 до 4 дена, а што се однесува до мозочните клетки, тие немаат способности за регенерирање, па токму затоа и мора да научите како да ги чувате.

Доколку сакате да останете здрави, вие треба да научите како со помош на исхраната да помогнете при регенерацијата на вашите органи. Еве како да го сторите тоа…
Обновување на нервите

Постои широк спектар природна храна која регенеративно делува врз нервите. Една студија од 2010 година покажала дека комбинацијата од боровинки, зелен чај и карнозин (се наоѓа во свинско и јунешко месо, како и кај рибите) помага при регенерација на нервите и матичните клетки. Други состојки со слично дејство се:

  • куркумин (корен од растението куркума)
  • апигенин (соединение кое се наоѓа во целер, магдонос и артичока)
  • боровинки
  • жен шен
  • црвена жалфија
  • ресвератрол (црвено вино, црно грозје, црна чоколада)
  • матично млеко
  • теанин (зелен чај)
  • кафе

Продолжува на страна 2