Храна која по природен пат ги регенерира органите

3355

Обновување на црниот дроб

Глицирзинот е соединение кое се наоѓа во слаткиот корен. Според една студија, тој е одличен стимуланс за регенерација кај оние животни кои имале хируршки изваден дел од црниот дроб. Други состојки кои помагаат при обновувањето на овој орган се:

  • карвакрол (масло од оригано)
  • куркумин (корен од растението куркума)
  • корејски жен шен
  • артичока
  • витамин Е (спанаќ, бадеми, сончогледови семки, авокадо, риба, маслиново масло, брокули, тиква…)

Обновување на бета ќелиите

Бета ќелиите се одговорни за производството на инсулин во панкреасот. Вие со помош на следниве состојки можете превентивно да влијаете врз можноста за појава на дијабетес или доколку веќе страдате од оваа болест, да го намалите нејзиниот ефект врз вашето тело:

  • црн ким
  • витамин Д (риба, кавијар, јајца, сирење)
  • куркумин (корен од растението куркума)
  • аргинин (црвено месо, соја, јајца, морски плодови, сусам)
  • авокадо
  • горчлива диња
  • стевија
  • сулфорафан (брокула, кељ, зелка, карфиол)

Обновување на хормоните

Еден од најдобрите начини да ги регенерирате вашите хормони кои ослабеле со губење на електроните е доколку внесувате многу витамин Ц во вашиот организам. Тој може да се најде кај:

  • пиперки
  • кељ
  • киви
  • брокули
  • јагоди
  • портокали
  • грашок