Јакожолтата состојка во куркумата, која ја дава карактеристичната боја на зачинот, ја подобрува меморијата и вниманието кај возрасните, покажува новото истражување, цитирано од весникот “Сајанс алерт”.
Куркуминот, како што е името на супстанцијата до сега има докажан квалитет во експерименти со глувци, каде помагал за сузбивање на трауматски спомени. Тој исто така ги смирува цревата и помага за лекување на рани. Како сепак една зачин кој го користиме во секојдневниот живот прави толку многу работи?
“Куркуминот има мноштво психолошки ефекти”, коментира водечкиот научник на истражувањето Ендрју Скола од Технолошкиот универзитет “Суинбјорн” во Австралија. “Познато е дека ги ублажува воспаленијата и ја подобрува циркулацијата. Исто така влијае на голем број процеси во телото, кои се одразуваат позитивно на функцијата на мозокот“, додава тој.
За време на својата првична студија Скола и неговиот тим собрале 60 доброволци на возраст меѓу 60 и 85 години, поделувајќи ги на две групи. На првата ѝ била дадена капсула со течен куркумин, а на втората – плацебо.
Потоа учесниците требало да решат неколку задачи со помош на компјутер како создавање на спомен за зборови или слики, едноставни математички задачи и работа за време.
Експериментот се повторува и откако учесниците примале куркумин во текот на четири недели. Резултатите покажале дека учесниците кои примаат куркумин се справуваат подобро со задачите кои ја мерат меморијата и будноста.
Тие исто така имаат пријавено и за намалување на заморот и стресот, како и зголемување на спокојството и задоволството на крајот на четириседмичниот период.
“Колку што знаеме ова е првата студија, која го истражува ефектот на куркуминот врз когнитивните способности и расположението кај здрави возрасни луѓе”, се наведува во истражувањето.



















