Паровите се посреќни со забавен секс октолку со почест

767

Повеќето секс не нѐ прави посреќни, покажува научно истражување, цитирано од “Американ њуз вајр”.

Научниците од “Карнеги Мелон Универзитетот” Пенсилванија направиле експеримент со две групи луѓе на возраст меѓу 35 и 65 години. На едната од групите ѝ било наредено да има секс два пати почесто од обично, додека на другата – да продолжи како и вообичаено .

Три месеци подоцна истражувањето покажа дека учесниците од првата група не станале посреќни, и покрај почестото полово општење.

Токму напротив – задоволство од сексот било намалено. Според аналитичарите, тоа се должи на фактот дека тие имале љубовна обврска која всушност имала спротивен ефект врз либидото.

“Наместо да се обидуваат да имаат секс толку често колку што и на почетокот на врската, за паровите ќе е подобро да создадат атмосфера која ја зголемува нивната желба и го прави сексот позабавен”, коментира еден од тимот истражувачи.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.