Еве кои работи треба да ги направите со вашата ќерка

787

Кога станува збор за семејните врски, поврзаноста помеѓу мајката и ќерката не може да се спореди со ништо.

Вистината е дека секоја ќерка во својата мајка гледа идол и посакува да биде како неа кога ќе порасне.

Затоа, ви подготвивме седум работи кои препорачуваме да ги направите со вашата ќерка, за да можете да ја одржувате вашата уникатна врска.

Патувајте

Одберете место коешто сакате да го посетите, без разлика дали е во нашата земја или подалеку. Важно е на патувањето да одите вие две, така што ќе можете да го искористите времето за вашите разговори и за негување на вашата блискост. Сепак, секогаш е забавно кога со вашата ќерка можете да истражувате нови места и времето го поминувате на интересен начин.

Пробајте нешто ново

Многу полесно е да излезете од комфорната зона кога тоа го правите во друштво со вашата ќерка. Запишете се заедно на часови јога или пак почнете со часови за изучување на нов јазик. Постојат голем број на работи и активности кои можете да ги започнете заедно и да пробате нешто ново, што дефинитивно ќе ви годи, а најважно од сѐ повеќе време ќе поминувате заедно.

Волонтирајте

Мајката е таа којашто треба да ја научите својата ќерка што значи да се биде великодушен и како на правилен начин да се искористи времето. Затоа, најдете место каде што ќе можете да волонтирате заедно, без разлика на тоа за каков тип на волонтирање се работи.

Трчајте

Трчањето е одличен начин за да ја одржувате вашата форма и вашето здравје, а секогаш е поинтересно кога се прави во друштво. Спремете ги патиките за трчање, облечете ја спортската облека и одредете ја километражата која можете заедно да ја поминете. Трчањето заедно е поохрабрувачко, а оваа активност е одличен начин да ја научите вашата ќерка да се грижи за своето здравје и тело.

Подгответе стар рецепт

Мајките се задолжени својата способност за готвење да ја пренесат на ќерките. Затоа, кога имате слободно време, а не сакате да излегувате, отворете ја старата книга со рецепти и гответе заедно. Научете ја вашата ќерка да ги подготвува вкусните колачиња на баба или пак омилената торта која ѝ ја правите за роденден. Сигурно ќе се забавувате, а важно е дека времето ќе биде квалитетно поминато.

Читајте иста книга во исто време

Тоа ќе биде исто како да имате мини клуб за читање на книги, додека ќе можете да коментирате за настаните и ликовите во книгата.

Одете на шопинг по матурски фустан

Доколку вашата ќерка го завршува средното училиште, тогаш како и секоја девојка сака да заблеска на матурската прослава. Исто така, вам ќе ви биде потребен фустан во кој треба да изгледате отмено и свечено. Тоа е вистинска причина за шопинг. Фустаните од новата Bella Lure колекција лето 2018 сигурно ќе го задоволат вашиот вкус. На вас останува да го одберете моделот кој најмногу ви се допаѓа. Новите модели можете да ги погледнете ТУКА.