Најчудните нешта кои паѓале од небо

3213

Што би кажале ако пред нозете ви падне замрзната игуана? А златна шипка?

Отпадот од вселената не е единственото нешто што може да се спушти пред вашите нозе, од време на време, додека пиете кафе на тераса.

Постојат феномени кои би можеле на масичка од некоја бамбус градинарска гарнитура да сервираат многу интересни работи, а најдоброто меѓу најдобрите ви ги претставуваме во оваа статија.

1. Замрзнати игуани

Ова се случило на Флорида во јануари оваа година, кога во таа област за прв пат во 28 години, паднала поголема количина снег. Од тие гуштери на Флорида се насекаде, а обично живеат на гранките на дрвјата. Кога температурата паднала, игуаните, кои се ладнокрвни животни, едноставно “згаснале” и повеќе не можеле да се држат за дрвјата. Потоа паѓале од дрвјата или ги однел малку посилен ветар. За среќа, тие не биле мртви, па со првата повисока температура би се разбудиле.

2. Риби

Во Мексико рибите од небото паѓаат толку често па дури имаат и име за овој феномен: “lluvia de peces ” (буквално, дожд од риби). Но, риби од небо биле забележани и во Калифорнија, Англија и Индија. Причината е торнадото кое поминува над водата. Виорот ги зафаќа водата и животните во него и ги носи над копното.

3. Крвав дожд

Во северозападна Шпанија, 2014 година, жителите се жалеле на крвавоцрвената вода во своите фонтани. Не станува збор за случај на убиство, туку за микроскопските алги кои дошле со последниот дожд. Тие алги се измешале со оние кои се наоѓале во водата, и поради допирот со нив, почнале да ослободуваат пигмент кој ја обоил водата во црвено.

Продолжува на страна 2