4. Пајаци

Милиони пајаци 2015 година паѓале од небо во Австралија – а тоа и не било прв пат. Тој феномен се нарекува “дожд од пајаци”, а се јавува кога голем број на пајаци во исто време ќе почне да се искачува на возвишение и ги дигаат задините делови во воздух за да ја испуштаат својата свила, а потоа едноставно одлетуваат. Интригантно или одвратно? Просудете сами …
5. Руско злато

Ова секако е поинтересно од пајаците и игуаните. Овој месец, во Сибир, од транспортен авион паѓале златни шипки, платина и дијаманти. Кога полетувал од аеродромот во Јукутск, од авионот случајно почнало да паѓа богатство во вредност од 378 милиони долари. Паднале околу 200 златни шипки, а објавено е дека секое парче успешно е пронајдено. 😉
6. Варени лилјаци

Во јануари оваа година стотици “зготвени” лилјаци паѓале од дрвјата во Австралија, откако локалните температури достигнале повеќе од 43 степени. Овој тип на лилјаци може да поднесе температури до 30 степени, пред топлината да им го изгори мозокот. Температура поголема од 30 степени лилјаците едноставно ќе ги “свари”, поради што околу 200 од нив се пронајдени мртви.


















