25 начини да го прашате вашето дете „Како беше денеска на училиште“ без да го прашате „Како беше денеска на училиште“

1412

Годинава Сајмон оди во четврто, а Грејс тргна во прво одделение. Се фатив како ги прашувам секој ден „Како беше денеска во училиште?“

И секој ден добива одговори како „фино“ или „добро“, што и не ми кажуваше многу.
А сакам да знам ептен многу!!!

Или барем да добијам одговор во цела реченица. Па така пред некоја вечер седнав и направив список од поангажирани прашања за да ги прашам за училиштето. Тоа не беа совршени прашања, но барем добив одговори со цела реченица, а некои водеа до интересна конверзација… и до урнебесни одговори… или барем некаков увид што моите деца мислат и чувствуваат за училиштето.

  1. Што беше најдоброто нешто што се случи на училиште денеска? (Или што беше најлошото нешто што се случи на училиште денеска?)

    2. Кажи ми нешто што денеска те насмеа?

    3. Ако можеш да избереш, со кого сакаш да седиш на часовите?  (Или со кого НЕ сакаш да седиш на часовите?)

    4. Кое е најкул местото на училиште?

    5. Кажи ми некој откачен збор што го слушна денеска? (Или нешто откачено што некое дете го кажало?)

    6. Ако вечерва му се јавам на твојот учител, што ќе ми каже тој/таа за тебе?

    7. Како му помогна некому денеска?

    8. Како некој ти помогна тебе денеска?

    9. Кажи ми едно нешто што го научи денеска?

    10. Кога беше најсреќен денеска?

    11. Кога ти беше најздодевно денеска?

    12. Ако вонземјански брод слета во твојата училница и земе некого од вас, кого ти би посакал/а да земе?

    13. Со кого сакаш да си играш на одморите, а со кого досега никогаш не си играл/а?

    14. Кажи ми нешто добро што се случило денеска?

    15. Што најчесто зборуваше вашиот учител денеска?

    16. Што мислиш дека сакаш најмногу да направиш/научиш на училиште?

    17. Што сакаш најмалку да направиш/научиш на училиште?

    18. За кого од твојот клас мислиш дека треба да биде пофин?

    19. Каде најчесто си играш на одморите?

    20. Кој е најсмешен во твојот клас? Зошто е тој/таа смешен?

    21. Кој ти е најомилен дел од ручекот?

    22. Ако утре мора да станеш учителка, што би правела?

    23. Има ли некој во твојот клас кој мислиш дека треба да се смири?

    24. Ако треба со некого во класот да ги замениш местата за седење, со кого би се заменил/а? И зошто?

    25. Кажи ми три нешта како си го користел/а моливот денеска?

Досега, мои омилени одговори се по прашањата 12, 15 и 21. Прашањата како „вонземјанин“ им даваат на децата безопасен начин да кажат кого сакаат или не сакаат во нивниот клас, а вас ви ја отвараат вратата да отворите дискусија зошто е тоа така, потенцијално затскривајќи теми за кои досега не сте знаеле.

А одговорите понекогаш и ќе ве изненадат. Кога го поставив прашањето 3, дознав дека едно од моите деца не сака повеќе да седи со своето најдобро другарче од класот – не од желба да биде наметлив, туку од надеж дека ќе добие шанса да работи и со други деца.

Како што растат моите деца, знам дека треба повредно да работам и повеќе да останам вклучен со нив – но знам дека сето тоа ќе вреди.

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk