Четири неочекувани работи кои се во центарот на женското внимание

329

Колку и да негираме физичкиот изглед е првото нешто што не привлекува кај некоја личност. 

И додека мажите паѓаат на жени со совршени облини, долги коси, витка линија и мазна кожа, критериумите на жените се малку поинакви.

Дознајте кои се четирите неочекувани особини на кои жените посветуваат внимание.

  1. Индекс на телесна маса

Истражувањата покажале дека индексот на телесната маса на жените им е мошне важен. Мажите, кои имаат складно тело и БМИ 20,85 се најатрактивни за жените. Научниците објаснуваат дека тоа е поврзано со потсвесната желба за здрав и плоден маж. Но не смееме да го занемариме ниту секси стомакот, бидејќи без ралика на индексот повеќето жени попрво би избрале силен маж, отколку некој „исушен“.

  1. Нозе

Додека мажите фантазираат за жени со долги и витки нозе, жените го прават спротивното. Според истражувањата жените преферираат мажи со покуси нозе. Можеби станува збор за трендот на фудбалери, кој го зафати целиот свет или едноставно жените сакаат мускули, а тие секако повеќе се истакнуваат на покуси и посилни машки нозе.

  1. Лузни

Лузните од секогаш на жените им биле привлечни и сексипилни. Тие ја симболизираат опасноста и храброста на машката сила, а мажот со лузна на лицето, градите или грбот може многу лесно да помине како „лошо момче“, што е уште една популарна женска фатназија.

  1. Добри момци

Иако поимот „лоши момчиња“ потсетува на холивудските заводници, како Џемс Дин, Џони Деп или Џорџ Клуни и поради тоа е дел од женската фантазија, во реалноста жените сепак паѓаат на добри момчиња. Чувствителност, хуманост, пристојност, несебичност и пожртвуваност се особини на совршениот маж, на кои ќе падне секоја жена.