Кој се справува подобро со слабеењето, мажите или жените?

851

Често им завидуваме на мажите бидејќи го јадат она што сакаат и после пак се во форма.

И има зошто?

Неодамнешна студија на сајтот www.nutracheck.co.uk покажува дека претставниците на посилниот пол се далеку поуспешни во слабеењето од дамите и тоа без да се заморуваат со строги диети.

Според онлајн апликацијата Nutracheck мажите се постојани во одржувањето на посебен режим на исхрана и спортувањето и освен тоа губат поголем процент од неговата тежина во споредба со понежната половина на човештвото (5,9% наспроти 4,6% кај дамите).

Експертот за исхрана на Nutracheck Џенет Елиот верува дека причините за тоа се следниве.

“За многумина веројатно не е изненадување што мажите се поуспешни во битката со килограмите. Кај нив веројатноста од јо-јо ефект е помала, што им помага да останат мотивирани и да не носат “емоционален багаж” во процесот на слабеење. Покрај тоа тензиите да имаат совршени фигури се помали отколку кај дамите. Мажите генерално се повеќе фокусирани и со поголем натпреварувачки дух, што ги прави и мотивирани да се регистрираат во различни апликации и програми за слабеење и следење на тежината онлајн“, изјави Елиот.

Физиолошки претставниците на посилниот пол имаат и друга предност – тие имаат поголема мускулна маса, логично и капацитет да согоруваат повеќе калории.

Интересно е дека според истражувањето мажите се помалку склони да се подложат на диета (44% во споредба со 75% проценти кај жените).