Домашен серум за брз раст на трепките и веѓите

2536

Секоја дама сака да има густи и цврсти трепки и веѓи. За жал секојдневното нанесување на шминка , кубење на веѓите, неправилната исхрана, понекогаш и поставување на вештачки трепки, се причина за влошување на нивната состојба.

Обичн влакната кои недостасуваат ги пополнуваме со молив, а врз трепките дури и да нанесем неколку слоја маскара, тие не се цврсти и заоблени.

Важно е да не чекаме да исчезнат, туку да се грижиме секој ден за убавината. Денес споделуваме една неверојатна комбинација од масла, која може да помогне да се поврати густината на трепките и веѓите.

За да си направите серум за брз раст, ќе ви бидат потребни:

  • 20 мл рицинусово масло
  • 15 мл масло од авокадо
  • 5 мл кокосово масло

Во мал сад загрејте го во водена бања кокосовото масло и додадете ги кон него останатите масла. Потоа префрлете ги во стаклена тегла со капак. Навечер, откако сте го исчистиле лице, со помош на чепкалка за чистење уши нанесете мала количина од маслото на веѓите и трепките, без да ги плакнете.

Овие масла ќе ги потхранат фоликулите на косата , ќе ги зајакнат влакненцата и ќе го стимулираат растот на нови. Практикувајте ја оваа грижа барем три недели, секоја вечер или два-три пати неделно.

Комбинацијата од ароматични масла може да ја пробате и за стимулирање на раст на косата, нанесувајќи ја околу 30 минути пред миење во корените на косата.