Еден од најпопуларните експерти за раниот развој на интелигенцијата кај децата, д-р Ранко Рајовиќ одржа предавање „Родители, разбудете се! Грешките тешко се поправаат!“ каде зборува за тоа што е клучно за развојот на децата…
Час и половина духовито-интелигентно предавање на д-р Ранко Рајовиќ, еден од најпопуларните експерти за раниот развој на интелигенцијата кај децата, чија програма за учење „Никола Тесла Центар“ се спроведува во 20 земји.
На предавањето насловено „Родители, разбудете се! Грешките тешко се поправаат!“, во организација на хрватскиот Вечерњи лист, во главно дошле млади родители, поточно мајки, но имало и многу негувателки и педијатри.
Рајовиќ, интернист од Нови Сад, бил и претседател на Светскиот комитет за надарени деца Менса, а се сврте кон проучувањето на развојот на децата бидејќи многу откритија од медицината не се применуваат во педагогијата.
Зошто источњаците се паметни?
Најважниот период од развојот на мозокот на детето е од раѓањето до третата или седмата година од животот, па затоа е важна раната стимулација на таа возраст, која ги развива функционалните делови на мозокот кај децата. Но, тоа не значи, додаде тој, дека децата од четиригодишна возраст треба да учат математика.
Некои земји погрешно ја разбираат раната стимулација и ги испраќаат децата на училиште на четири или пет години. Проблемот, тврди Рајовиќ, е што децата не поврзуваат информации бидејќи учат на памет како папагали.
Според најновиот PISA тест, само Финска од Европа е на врвот на светот поради раната стимулација, во кој доминираат деца од Источна Азија, Јужна Кореја, Јапонија, Кина, Хонг Конг…
„Финска бара друг модел во образованието за да ги достигне тие земји, а ние би го копирале финскиот модел. Кинескиот модел е за Кинезите, Финскиот за Финците, а ние треба да знаеме како функционира мозокот, па во согласност со културата и традицијата да го помогнеме развојот на детето. Ако сега сменивме сè во воспитувањето и образованието, можеби за 15 години ќе ги стигнеме земјите од Источна Азија. А ние сè уште ништо не менуваме и имаме сè повеќе ученици со когнитивни испади, дисграфија, дислексија, 50% од децата со пореметена фина моторика, а 70% со рамни стапала“, рече Рајовиќ.
Малите деца инстинктивно го прават она што е важно за развојот на мозокот, па се вртат во круг, скокаат, а родителите не им дозволуваат затоа што се плашат да не паднат… Сепак, некои родители ја сфаќаат важноста од вртењето буквално и погрешно. Во една градинка Рајовиќ забележал девојче кое стои настрана бидејќи мајка ѝ ја вртела два дена.
„Таа ми кажа: „Мама ме стави во столот за компјутер на татко ми и ме заврте. Ми кажа дека ќе бидам попаметна“, раскажа тој.
Зборувал и за важноста на движењето и дека мозокот најмногу се развива при трчање, но не на рамна површина туку над карпи и потоци, како што сме се движеле порано.
Само вие сте родители!
„Зошто Усеин Болт 13 метри поминува во секунда? Како дете трчал по удолницата секој ден бидејќи имал задача да ја фати топката пред да падне во морето“, вели тој.
Штетноста на видеоигрите за детскиот мозок Рајовиќ ја доловил со случна на својот син, кому му дозволил да игра два дена во неделата по половина час.
„Вие сте родители и вие ја правите рамката. Децата не можат да си постават граници“, вели тој.
Што прават родителите и училиштето добро, а каде грешат
1. Не учење наизуст
Децата денес учат репродуктивно, не поврзуваат информации и не се учат да размислуваат, затоа се полоши од Азијците.
2. Премногу заштитени
Презаштитените деца ќе станат биолошки инвалиди. Добро е за мозокот кога татковците ги фрлаат во воздух за време на играта.
3. Движењето е важно
Дури 70% од децата имаат рамни стапала бидејќи се неактивни. А движењето е важно за развојот на мозокот.
4. Пожелна е ротација
Родителите не дозволуваат детето да се сврти за да не падне, а детето инстинктивно го прави она што е важно за неговиот мозок, скока, ротира.