Решение од непријатниот мирис

1880

Сигурно некогаш сте се нашле во состојба да мора да одите во тоалет а сте на гости, но ви е непријатно поради непријатниот мирис. Со мала превенција, зад себе ќе оставите миризлив и свеж тоалет.

Неколку совети како да го освежите воздухот по користење на туѓ тоалет: Прво и најважно, потрудете се да пуштите вода што побрзо да го намалите непријатниот мирис. Отворете прозорец, или вклучете вентилација ако има.

Ако сте понеле со себе чанта, можете да искористите:

  • мирисна крема или лосион;
  • лак за коса;
  • oсвежувач за здивот;
  • парфем.

Ако ништо од ова немате кај себе, а непријатниот мирис е очигледен, проверете ги полиците во купатилото, може да најдете:

средство за чистење на купатило во спреј, или обично;

  • избелувач;
  • бел оцет;
  • сода бикарбона;
  • течен сапун за раце;
  • шампон или балсам.

Истурете нешто од наведените производи во WC шољата, за да го намалите непријатниот мирис. Бидете внимателни и малку истурете, бидејќи некои средства како избелувачи можат да бидат токсични.

Ако не ви е достапна ниту една од наведените опции, затворете ја вратата на тоалетот, а ако некој појде во тоалет веднаш после вас, предупредете го да не влегува веднаш