Супа од брокула и рукола

54

Потребни состојки за 2 порции

1 лажица маслиново масло
1 чешне лук, ситно исечкано
½ кромид, крупно исецкан
1 поголема главичка брокула, искината на поситни гранчиња
2 ½ шолји вода
¼ лажичка крупна сол
¼ лажичка свежо мелен бибер
¾ шолја рукола (ќе биде вкусно и со поточарка)
½ лимон

Подготовка

Загрејте го маслиновото масло на средна температура и во тенџерето додадете ги лукот и кромидот и динстајте 1-2 минути. Потоа додадете ја брокулата и гответе уште 4 минути или додека таа не постане светлозелена. Додадете ги водата, солта и биберот, дозволете ѝ да почне да врие, а потоа намалете ја температурата и покријте го тенџерето со капак. Варете 8 минути или додека брокулата да омекне.

Ставете ја супата во блендер и додадете ја руколата и блендајте додека добиете мазна текстура. Сервирајте ја приготвената супа со малку свеж лимон.