Зелена супа од праз и целер

28

Потребни состојки за 3 порции

2 средни праза (само белите и светлозелени делови)
2 лажици маслиново масло
Сол и бибер
3 чешниња лук
1 лажичка мајчина душичка
1 среден корен од целер (исчистен и исечкан)
2 ½ шолји пилешка (или зеленчукова) супа од коцка
2 лажици лимонов сок

Подготовка

Исчистете го празот, измијте го и исечкајте го, фрлете му прстофат сол, а потоа динстајте го 10 минути на маслиново масло, додека да омекне (не треба да потемни). Додајте го лукот и мајчината душичка, посолете сѐ заедно и динстајте уште 3 минути. Потоа додадете го исечканиот корен од целер, ставете му малку сол и дарежливо сомелете му бибер одозгора. Подинстајте уште сосема малку и прелијте ја супата.

Гответе сѐ заедно околу 20 минути на потивка температура, со поклопен капак на тенџерето. Целерот треба да стане сосема мек, да може лесно да се пресече со нож. Кога ќе забележите дека е добро сварен, ставете ја супата во блендер и миксајте додека да добие фина текстура. На крајот зачинете со лимонов сок.