Супа од тиква

1147

Потребни состојки за 3 порции

1 средна тиква, исчистена
2 лажици маслиново масло
2 лажици кокосово масло
1 поголем кромид, исечкан
2 чешниња лук, исечкани
2 лажици ѓумбир, исечкан
1 лажичка мелен ким
½ лажичка мелен коријандер
3 шолји пилешка (или зеленчукова) супа од коцка

Подготовка

Исчистената тиква зачинете ја со сол и бибер и на секоја половинка ставете по 1 лажица маслиново масло, па потоа печете ја во рерна на претходно загреана температура од 200°C во времетраење од 35 минути, додека не стане сосема мека.

Во меѓувреме, загрејте го кокосовото масло во тенџере и на него убаво издинстајте го кромидот, заедно со прстофат сол и мешајте 15-тина минути на тивок оган со затворен капак. Потоа додадете го лукот, ѓумбирот и сите преостанати зачини. Издинстајте уште неколку минути, чисто за да се измешаат добро сите вкусови, а потоа додадете ја супата и посолете по ваш вкус. Оставете ја супата да се готви додека да се испече тиквата.

Кога ќе се испече тиквата, оставете ја малку да се олади, а потоа нејзината внатрешност ставете ја во тенџерето и со сите додадени состојки, оставете ја да се вари со полузатворен капак на средно ниска температура уште 10 минути. На крајот, ставете сѐ во блендер и на овој начин ќе добиете превкусна супа со боја на портокал, која можете да ја служите со малку прелиено маслиново масло или со малку павлака.