Мистериозен народ на СЕНТИНЕЛ | Не знаат за метал, огнан или земјоделство и директни се потомци на првите луѓе

492

Живеат во мали заедници и убиваат сѐ што ќе им пријде; тие не знаат за земјоделство, метал па дури ниту како да запалат оган.

Северен Сентинел е дел од Андаманските острови крај брегот на Индија во Бенгалскиот залив. Овој остров е дом на најизолираниот народ во светот. Го нарекуваат Сентинели, според островот, затоа што никој нема идеја како се нарекуваат себеси ниту некој од нивните соседи има име за нив. Нема фотографии од припадниците на племето (сите фотографии во статијата се оние на соседните племиња).

Формално, островот, за кој се смета дека е населен веќе 60 000 години, припаѓа на Индија, а својот суверенитет го користи само за да обезбеди изолација.

Не е познато колку ги има

Речиси ништо не се знае за жителите, како и за островот. Многумина се обиделе да комуницираат со Сентинелсите, но оние кои не ги избркала Индија, ги избркале самите домородци, кои не сакаат да имаат работа со странци. На островот, се проценува, има помеѓу 50 и 400 луѓе. Тие се крајно агресивни и ги напаѓаат сите странци кои ќе им се приближат.

Она што е познато, е дека Сентинелите се единственото преостанато преднеолитско племе во изолација. Сите други преостанати примарни цивилизации во светот барем „навлегле“ во помладото камено доба, но не и тие.

Директни потомци на првите луѓе

За нив се верува дека се директни потомци на првите луѓе кои ја напуштиле Африка и живеат во заедници на ловци-собирачи. Никогаш не развиле било каква форма на земјоделство. Нема докази дека знаат да запалат оган, но како и нашите предци, внимателно го чуваат огнот што го запалил гром, со помош на жар и смола.

Другите племиња од Андаманските острови се изумрени или се соочуваат со истребување поради болести и други проблеми по отворањето на модерната цивилизација. Сепак, тие директно навестуваат многу за Сентинелсите.

Соседните племиња се сосема различни

Соседно племе од Големиот Андаман во лов на желки.

На пример, ДНК анализата потврди дека тие припаѓаат на негроидниот генотип („црна раса“), но не се поврзани ниту со африканскиот, ниту со австралискиот тип. Јазиците на племињата на соседните острови сосема се различни и не се разбираат меѓусебе, а сите обиди на лингвистите да ги поврзат со познати јазици се залудни. Затоа, се претпоставува дека во последните 60.000 години, сите тие јазици се развиле целосно независно еден од друг. Заради илустрација, само пред околу 10 000 години, нашите предци зборувале на ист јазик како предците на Индијанците или Иранците.

Малкумина етнолози на кои им било дозволено да го посетат островот, се обиделе да остварат контакт со Сентинелсите, без да ја уништат нивната култура, но неуспешно.

Ги игнорираат подароците

Жените од Големиот Андаман снимен кон крајот на 1876 година

Во 1990. година, индискиот етнолог Трилокнат Пандит им подарил кокос, ножеви, облека, огледала и, во една прилика, жива свиња. Сентинелите ја заклале свињата и ја погребале во песок. Тие ги игнорирале другите подароци, како и нив самите. „Седнале на работ на чамците и нѝ го свртеа грбот, со задникот преку работ како да прават голема нужда, јасно покажувајќи дека не сме добредојдени“, ја опишал средбата Пандит.

Можеби уште подобро што ги игнорирале. Двајцата, најверојатно пијани рибари, кои се загубиле во нивните води и премногу се приближиле до островот, не поминале толку добро. Сентинелите ги убиле. Кога индиската крајбрежна стража се обидела да ги врати телата, со стрели и копјата го нападнале хеликоптерот и екипажот се откажал, не сакајќи понатамошен конфликт со древниот народ.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.