Ја навредувале и зборувале дека е најгрдата девојка на светот, а нејзината важна порака ќе ве натера да размислите!
Таа решила да застане цврсто пред светот!
Кога Германката Илка Брул (27) се појавила на Инстаграм, беше бомбардирана со навредливи зборови и навреди и беше почестена со титулата најгрда девојка на светот.
Илка не дозволи тоа да ја разниша во намерата да му го покаже лицето на светот и да докаже дека убавината има многу различни лица.
Таа одлучила да ги зајакне и охрабри другите преку сопствената приказна, дури и по цена самата да трпи страшни навреди.
„Мојата мисија е да го потсетам светот дека сите сме убави“, вели таа на својот Инстаграм.
Илка живее тежок живот уште од раѓањето.
„Родена сум со расцеп на усната и непцето, а носните шуплини не се добро формирани. Покрај тоа, ја немав десната страна на солзниот канал, па солзите постојано ми одеа по лицето – немаше што да ги спречи“, вели оваа млада жена.
Тешкото и ретко нарушување со кое е родена и значи дека ја чека серија комплицирани операции. Сите ги поминала, некои допрва ја чекаат. А, таа вели дека излегува со поголема моќ и доверба по секоја од нив.
Нејзината приказна на Инстаграм започнала случајно, пред две години кога нејзините пријатели направиле неколку нејзини слики.
“Тоа беа професионални фотографии и посакав да ги споделам со светот. Тогаш сфатив дека всушност сакав да го покажам лицето и која сум навистина”, вели Илка.
Мисијата на Илка на Инстаграм, вели таа, е да ги мотивира другите да излезат од нивните школки и да се покажат пред луѓето.
“Да, тие ми велат дека сум грда, но јас велам дека има само еден вид грдотија – грда душа. Никој не смее да се крие заради тоа како изгледа”, заклучува оваа млада жена.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.