Девојки, не брзајте! Откриено е дека и постарите родилки се добри за развојот на детето!

149

Постарите мајки можеби добиваат поздрави деца кои ќе бидат и подобро образовани од децата родени од жени во своите 20ти години, покажала меѓународната студија.

И мајките тинејџерки и родилките постари од 35 години имаат малку зголемен ризик од предвремено раѓање, а адолесцентките, во споредба со жените кои се во 20тите години, ќе имаат деца кои поспоро се развиваат и кои не завршуваат средно училиште, покажала таа студија.

“Постарата мајка е можеби подобра за развојот на детето ако е побогата и ако не мора да се грижи за голем број деца”, вели лидерот на студијата Caroline Fall, истражувач на Универзитетот во Саутемптон во Велика Британија.

Fall и колегите проучиле што се случило со 19.403 деца, во споредба со возраста на мајката при породувањето, во пет земји со низок и среден приход – Бразил, Гватемала и Индија и на Филипините и во Јужна Африка.

Податоците за секоја земја биле собирани во различни периоди од 1969-1989 година и тоа со малку различни методи, но за сите учесници имало податоци за возраста на мајката и податоци за детето барем до втората година.

Мајките во студијата биле во просек на 26 години. Жените во Бразил биле најмлади, 25,8 години, а во Гватемала најстари – 27,2 години. Децата на мајки до 19 години имале 20 до 30 % поголем ризик да бидат предвремено родени бебиња, и недоносени бебиња – да се родат предвреме со ниска родилна тежина, открива студијата. Тие деца имале и 30 до 40 % поголема веројатност да заостануваат во развојот со две години и да не го завршат средното образование.

Истражувачите го утврдиле социо-економскиот статус на мајките врз основа на образование, брачен статус, богатство, етничката припадност и местото на живеење во градот или во селото. Кога биле вклучени овие фактори, постарото мајчинство остварило предност.

Едно ограничување на оваа студија е недостатокот на податоци за генетиката, пушењето и исхраната на мајката, како и други форми на хранење освен доењето, признале авторите на студијата во списанието Lancet Global Health.

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Cashback World | Cashback – Враќање пари при секое купување