Дали спиењето во различни соби го спасува бракот

229

Статистичките податоци покажуваат дека девет проценти од Британците, секој четврти Американец, и дури 28 отсто од Јапонците спијат во различни соби со партнерот.

Причината не е недостиг на љубов, туку партнерот рчи, сака да чита до доцна во ноќта, станува многу рано.

Испитаниците изјавиле дека на почетокот им било чудно и оти стравувале дека ќе се отуѓат со партнерот, но во нивниот однос ништо не се сменило како и дека одвоените соби не влијаеле на сексот.

Експертите и понатаму дебатират за предностите и недостатоците на одвоените спални соби. Едни тврдат дека заедничкото спиење со лицето кое го сакаме го зголемува нивото на окситоцин, хормон одговорен за релаксација и намалување на крвниот притисок, а другите ги истакнуваат негативните ефекти на лошиот сон за дневното функционирање.

Првите се уверени дека спиењето во посебни спални ја нарушува интимноста, а другите тврдат дека тоа го спасува бракот.

– Лицата кои делат кревет имаат 50 проценти поголема шанса да се будат во текот на ноќта и со тоа го нарушуваат сонот на другиот. Не само дека во заедничкиот кревет имате помалку простор за себе, туку партнерот може да рчи, да ве удира, да се превртува и да станува сред ноќ. И потоа се чудиме зошто лошо спиеме. Спиењето е себична работа. Не можете со некого да го делите сонот, изјави Нил Стенли истражувач од Универзитетот во САД.