Како родители, сите настојуваме да ги поттикнеме децата да јадат здрава храна. Меѓутоа, дури и добронамерните коментари можат да имаат негативен ефект, бидејќи децата ги толкуваат на свој начин.
Погледнете како децата ги толкуваат 10 најчести реченици во врска со храната, која родителите им ја предлагаат и што би било подобро да кажете или да направите:
Види како брат ти (сестра, роднина, пријател) го јаде тоа, зошто не сакаш и ти?
Како го толкува ова детето: Тој или таа, подобро јаде од мене.
Подобро да кажете: Знам дека и ти еднаш ќе се обидеш, само ти треба време. И треба многу пати да ја пробаш за да ја засакаш таа храна.
Објаснување: Наместо чувство на инфериорност, на детето сакате да му влеете самодоверва дека тој вид на храна може да му се допадне и дека ќе му се допадне кога детето ќе биде подготвено за тоа.
Ти порано ги сакаше јагодите, зошто сега пребираш!
Како го толкува детето ова: Можеби јас за секогаш ќе останам пребирлив кога е во прашање храната?
Подобро да го направите следново: Не обрнувајте внимание на пребирливоста. Наместо тоа, направете го оброкот пријатно искуство.
Објаснување: Избегнувајте децата да ги етикетирате како пребирливи, бидејќи тоа е нормална фаза во развојот, а етикетите често остануваат.
Последен пат ти кажувам, не, не можеш да добиеш сладолед!
Како детето го толкува ова: Никогаш повеќе нема да добијам сладолед!
Подобро да кажете: Не можеме сега да јадеме сладолед бидејќи ручекот ќе биде готов за еден час. Ќе јадеме сладолед, но за десерт.
Објаснување: Децата многу подобро прифаќаат НЕ кога знаат зошто нешто не можат да добијат и кога тоа повторно ќе можат да го добијат.
Не јадеше доволно. Доврши го оброкот и потоа можеш да станеш од маса.
Како детето го толкува ова: Мама, празна чинија (надворешни сигнали) подобро знае кога сум сит отколку мојот стомак.
Подобро да кажете: Биди сигурен дека доволно јадеше, бидејќи следниот оброк е за неколку часа.
Објаснување: Кога децата одлучуваат колку ќе изедат, тогаш научуваат да го слушаат својот стомак (некогаш можат и да погрешат).
Ако го изедеш зеленчукот, можеш да добиеш десерт.
Како детето го толкува ова: Не можам да дочекам ден кога нема да морам да јадам зеленчук и кога ќе можам веднаш да изедам десерт.
Подобро направете го следново: Наместо да го уценувате со храна, или да нудите храна како награда, често нудете на детето вкусен зеленчук и дајде му модел за здрава храна.
Објаснување: Истражувањата покажуваат дека децата учат да преферираат храна која ја добиваат како награда, во однос на храна која мора да ја јадат.
Продолжува на страна 2