Mоќта сериознo го оштетува мозокот | Последиците можат да бидат трајни доколку сме долго на власт, се губи почитувањето на другите

1753

Кога моќта би се продавала на рецепт како лек, списокот на несаканите ефекти би бил подолг, бидејќи, со сигурност може да дејствува токсично и да ги расипе луѓето …

Може да ги убеди не само политичарите дека се потомци на самиот Месија, дека се секс- симболи, дури и тогаш кога убавината во нив ќе ја види само нивната мајка. Но, може ли моќта да предизвика оштетување на мозокот? Одговорот е потврден, вели Sukhvinder Obhi, научник невролог од Универзитетот McMaster, Онтарио, затоа што долготраен премногу мал контакт со реалноста може да предизвика функционални проблеми во мозокот.

На главите на моќните и на оние кои тоа не се Obhi ставил уред за транскранијална магнетна стимулација (TMS) и открил дека моќта попречува одреден невролошки процес што е основа на човечката емпатија. Со други зборови, моќта отапува, на пример, почитта и сочувството кон другите, признавање на заслуги, наградување, со еден збор кажано – сè она што и самите сакаме некој да нѝ прави и да нè почитува. Парадоксот на моќта, како тоа го нарече историчарот Henry Adams, резултира со губењето “капацитет”, кој би требал да биде на прво место.

Моќта метафорички ја опишал како еден вид на тумор кој ги убива симпатиите на жртвата! Потврда за тоа се и дваесетгодишните истражувања на Dacher Keltner, професоро по психологија од Berkeley, кој истакнува дека испитаниците под влијание на власта делувале како да “претрпеле сериозни повреди на мозокот – стануваат поимпулсивни, помалку свесни за ризиците и помалку способни да ги видат проблемите на другите луѓе”. Звучи познато? Секако, готово сите сме биле во ситуации во која некој од позиција на моќ, од политичарите до шефовите, нѝ го загорчува животот или од телевизиските екрани нѝ соли памет и се обидува да нѝ објасни дека токму тој има неоспорно право.

Obhi во своето истражување со TMS го следел пресликувањето кое се одвивало во мозокот и без нашата свест. Испитаниците гледале видео запис во кој некои лица стегале гумена топка. Реакциите биле различни, односно нервните патишта кај група учесници кои немале некоја посебна моќ функционирале добро, додека кај “моќните” таа реакција била уништена, односно повеќе како некој вид на анестезија!? Истражувачите велат дека таа промена може да биде трајна ако моќта трае долго.

Со други зборови, би можело да дојде до тн. функционална промена во мозокот! Тоа е причината зошто научниците сугерираат моќниците одвреме на време да се обидат намерно “да комуницираат со реалноста”, со цел да се заштитат од трајното функционално оштетување. Во тоа може да им помогне и некој од средината во која живеат, а кои ќе се осмелат да ги приземјат. Winston Churchill за ова ја имал неговата сопруга Clementin, која постојано го потсетувала на тоа “каков бил”.

Е, кога барем македонските моќници и оние кои мислат за себе дека тоа се, би имале коректор.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.