Мистериозниот Бермудски триаголник: На дното се кристални пирамиди?

3779

Американските и француските истражувачи постигнале величествено откритие: Претежно проѕирни пирамида со кристален изглед се издигаат од дното на Карибите – нивното потекло, старост и намена се целосно непознати.

Луѓето се плашеле, и сè уште се плашат од легендарниот Бермудски триаголник. Областа помеѓу Бермудите, Флорида и островот Порторико, во Атлантскиот Океан, со површина од околу 1.140 квадратни километри, отсекогаш ги плашелa морнарите и рибарите. Записите за исчезнување на бродовите се водат уште од 15 век, и, наводно, и самиот Кристофер Колумбо на своето патување во Новиот свет во 1492 година ги видел чудните светла над таа област.

Според непотврдена статистика, во тој дел на океанот досега исчезнале 8.152 луѓе. И покрај тоа што во рамките на појасот на Бермудскиот триаголник забележани се серија исчезнувања на бродови и авиони, од кои никогаш остатоци не биле пронајдени, официјалната статистика на осигурителните компании, исто така, покажуваат дека во таа област нема поголема опасност.

Легендата вели дека еден океанограф д-р Мејер Verlag открил две огромни кристални пирамиди на длабочина од 2.000 метри. Тој и неговиот тим користеле хидролокатори, електро-акустични уреди за пребарување и одредување на растојание, длабочина, насока и за идентификација на подводните подвижни и неподвижни објекти.

Како што тврди теорија на заговор, Verlag смета дека понатамошната истрага за тајната на овие пирамиди би можела да открие повеќе информации за мистериозните исчезнувања во Бермудскиот триаголник. Некои тврдат дека пирамидите би можеле да бидат магацин за снабдување на жителите на Атлантида.

Сведоците кои ги преживеале страшните несреќи во Бермудскиот триаголник споменуваат морски вирови, а постоечките докази укажуваат на тоа дека некои од исчезнатите бродови исчезнале поради феноменот на вителот. Други, пак, за исчезнувањето на авиони и бродови ги обвинуваат нападите на вонземјаните и присуството на загубената Атлантида на морското дно …